Хрватскиот тенисер Борна Чориќ направи изненадување на турнирот во германскиот град Хале откако во финалето во три сета славеше против Федерер.
За Борна Чориќ ова е втора титула, со која успеа да го симне Федерер од врвот на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Швајцарецот беше голем фаворит на овој меч и се очекуваше негов 10-ти триумф на овој турнир. Првиот сет го загуби во тај-брејк, а во вториот целосно доминираше и израмни на 1:1.
На крајот сепак се радуше Хрватот кој во одлучувачкиот сет успеа да направи два бејка и да го победи Федерер во третиот обид.