Дома Македонски спорт СЕНЗАЦИЈА: Светскиот и олимписки шампион на колена пред Македонија!!

СЕНЗАЦИЈА: Светскиот и олимписки шампион на колена пред Македонија!!

Maкеднската репрезентација денес одигра фантастичен натпревар против Данска која е актуелен светски и олимписки шампион.

Данска прва стигна до водство, но веднаш потоа следуваа два гола на нашата репрезентација, а во тие стартни минути одличен беше Филип Талески. Од таа прва минута кога го превземавме водството практично не го испуштавме. Данците на средина на полувремето дојдоа до 7:7. Но веднаш потоа со серија од 2:0 отидовме на 9:7.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


По еден гол на Данците ние повторно направивме два разлика 10:8. Во 20 минута дојдовме и до плус три преку Пешевски. Во наредниот напад Данска повторно промашува, а Талески со одличен лоб погодува за највисока преднсот од четири гола (12:8).

Митревски беше одличен на голот, па и во последните пет минути од првиот дел влеговме со супер предност од три гола (13:10).

До крајот не само што не попуштивме туку и на пауза заминавме со предност од 17:13!

Oнака како што го завршиме првото породолживме и во почетните минути од вториот дел. Предноста од четири гола ја одржувавме и после 10 минути игра (20:16). Данска во тој напад однвоо промаши зицер, па имавме напад и за плус 5. И нападот го искористивме за во таа 11. минута да имаме највисоки до тогаш на натпрарот 21:16.

Тука не завршуваше нашиот фантастичен период и изгледаше како што одминува мечот да играме се подобро. Во 14 минута имавме резултат кој изгледаше неверојатно, против светските и олимписките шамиони имавме осум разлика (25:17).

После тие осум разлика Данска направи серија од 3:0 и дојде до 25:20. Серијата беше прекината со наш седмерец, а по то јгол имавме и контра која ја реализираше Кузмановски за 27:20.

На четири минути пред крајот кога Миркуловски постигна гол за 32:26 веќе стануваше јасно дека големата Данска предводена од Микел Хансен ќе падне во Скопје.

Најефикасни во нашите редови беа Манасков, Талески и Кузмановски со пo пет гола.

На крајот конечниот резултат гласеше 33:29.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…