Дома Останати Авто Мото Сензационална победа на Хамилтон, но може да му биде одземена?

Сензационална победа на Хамилтон, но може да му биде одземена?

Луис Хамилтон успеа да стигне до сензационална победа за ГН на Германија, откако стартуваше од 14-та позиција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Големата ѕвезда на Мерцедес извлече максимум од целосната драма на „Хокенхајм“ и веќе е новиот лидер на табелата кај пилотите во шампионатот на Формула 1.

Најголемиот губитник денес се вика Себастијан Фетел. Германскиот пилот на Ферари беше блиску до победата пред домашната публика, но 15 круга пред крајот ризикуваше премногу на влажната писта и излета од патеката.

Меѓутоа, Хамилтон би можел да остане без победата бидејќи по крајот на трката стјуардите покренаа истрага и го повикаа Британецот на разговор. Причина е потегот со кој возачот на Мерцедес во последен момент се откажа од влегување во бокс и преку тревата се врати на патеката.

За сличен инцидент на ГН на Азербејџан во 2016, Кими Раиконен доби казна од 5 секунди.

Доколку Хамилтон биде санкциониран со казна од 5 секунди, тогаш тој ќе ја загуби првата позиција и неговиот тимски колега Валтери Ботас ќе биде прогласен за победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Неразбирливо е како Владата по секоја цена се обидува да донесе закон што ќе има низанегат…