Дома Останати Авто Мото Сензационална еден-два победа на Ферари

Сензационална еден-два победа на Ферари

Карлос Саинц и Шарл Леклер направија двојна победа за Ферари на трката за ГН на Австралија.

Сајнц доминираше откако во четвртиот круг Макс Ферстапен имаше проблем со левата кочница и предвреме ја заврши трката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Леклер имаше проблеми со рамнотежата на болидот на стартот, но потоа успеа повторно да излезе втор и да ја задржи таа позиција, и покрај тоа што возеше со гуми кои беа 5 круга постари од тие на Ландо Норис од Мекларен.

Проблеми со болидот имаше и Луис Хамилтон чиј мотор откажа и го остави без пласман, додека катастрофалниот викенд за Мерцедес го надополни Џорџ Расел кој излета од патеката и исто така не ја заврши трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Познати полуфиналните парови за Ф4 во ракометната ЛШ

Европската ракометна федерација ги одреди полуфиналните двојки за завршниот турнир во Лига…