Бразилскиот фудбалер Нејмар е во шок откако денеска во неговата татковина имало обид да се киднапираат неговата ќеркичка и девојката Бруна.
Обидот се случил во утринава во Сао Пауло, а за време на упадот на киднаперите во домот на Бруна Бјанкарди биле нејзините родители. Тие од полицијата биле пронајдени врзани, но не биле повредени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Осомничените киднапери, од кои двајца биле вооружени, ги барале Брунa и нејзината ќерка, но тие не биле дома, а не бил ниту Нејмар.
„Тажен ден, добив две лоши вести. Првата е нападот што го доживеаја родителите на Бруна, но фала богу се беше во ред. Второ, дознав за смртта на една другарка, Господ да ја пречека Луана со раширени раце. Мое сочувство до нејзиното семејство“, напиша Нејмар на социјалните мрежи.
🚨 A man has been arrested in a failed kidnap attempt of Neymar's baby daughter. 😳
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 7, 2023
He was arrested in the early hours of Tuesday, after the home of Bruna Biancardi, in Greater São Paulo, was invaded. 🇧🇷
Luckily, Bruna and her daughter, Mavie, were in another property and did… pic.twitter.com/lOa9EvADpO