Францускиот напаѓач, Антоан Гризман вчера официјално стана фудбалер на Барселона.
Гризман во Барселона пристигна од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а утре ќе биде претставен на „Камп Ноу“. Францускиот напаѓач уште минатата година требаше да дојде во Барса, но тогаш одлучи да остане во Атлетико.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, изгледа дека тоа било само прашање на момент кога Гризман ќе потпише за Барселона. Еден негов навивач уште пред две години беше сигурен дека Гризман ќе заигра во дресот на Барса.
Тој 25. септември 2017. година објави дека секој ден ќе објавува фотографија од Гризман се додека тој не потише за Барса. 655 дена по ред тоа го правеше, а потоа дојде денот кога Гризман заврши во Барселона.
Дури и на Твитер се огласи францускиот напаѓач кој му честиташе на својот фан на исполнувањето на ветеното и што секој ден објавувал по една негова фотографија.
“I’ll post a picture of Griezmann every day until he signs for Barça…”
And he did! 655 days later, it happened and even Griezmann tweeted about it!#FCBarcelona #Griezmann pic.twitter.com/ldiAm9jQmk
— Ben Hayward (@bghayward) July 12, 2019