Дома Фудбал Англија Сезоната сеуште не започнала, а Венгер веќе во проблеми!

Сезоната сеуште не започнала, а Венгер веќе во проблеми!

Иако до почетокот од Премиер лигата има уште еден месец, менаџерот на Арсенал го загрижуваат повредите на неколкумина дефанзивци.

Арсенал сезоната ќе ја отвори против Лестер на „Емирати“ на 11 август, на тој натпревар Арсен Венгер сигурно нема да може да смета а Лоран Кошчелни, а додека Шкодран Мустафи, Роб Холдинг, Калум Чемберс и Ектор Белерин се под знак прашалник бидејќи заработија повреди во текот на обврските со репрезентациите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Причината поради која Венгер не ќе може да смета на Кошчелни е суспенцијата поради црвениот картон против Евертон во последното коло. Тоа значи дека новиот капитен на „Топџиите“ нема право на настап во првите две кола.

Мустафи, Холдинг, Чемберс и Белерин нема да бидат дел од турнеата во Австралија бидејќи проценките се дека им е неопходен одмор.

Проблем е што и Габриел сеуште не се опоравил во целост од повредата која ја заработи во финалето на ФА купот.

Ова значи дека Венгер на почетокот на сезоната кога штоперската позиција во прашање ќе може да смета само на Пер Мертезакер, па во случај да не доведе некое засилување, Французинот ќе биде принуден искусниот Мертезакер да го игра во тандем со Начо Монреал или Карл Џенкисон…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хулиган за време на дербито во Далмација удри голман, па тргна сам кон навивачите на противникот (Видео)

Во далматинското дерби, Шибеник во 9-то коло од Третата НЛ југ го победи Задар на гости со…