Дома Топ вести Сега Јувентус го има АДУТОТ: Испратен ултиматум до Реал Мадрид и Перез

Сега Јувентус го има АДУТОТ: Испратен ултиматум до Реал Мадрид и Перез

Јувентус испрати своевиден ултиматум до Реал Мадрид кој гласи – трансферот на Роналдо најдоцна за седум дена или се откажуваме.

Во Италија се појави информација кога Португалецот би требало да стигне во Торино, а изгледа во позадина на целата приказна е овој ултиматум на управата на тимот од Торино.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Јувентус се договори со Роналдо околу финансиските услови кои се астрономски за условите на Италијанците – 120 милиони евра за четири години.

Сепак, претседателот на кралскиот клуб, Флорентино Перез е тој кој ја закочува целата работа, бидејќи сака да извлече или признание од Роналдо дека негова желба е да замине или повеќе пари од италијанскиот шампион.

Се наведува дури и дека Јувентус ќе се насочи кон други решенија доколку за седум дена не се постигне договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…