Она што и се најавуваше сега го потврди самиот фудбалер – Џек Вилшер го напушта Арсенал.
Фудбалерот кој долго време се мачеше со повредите ќе го напушти клубот по истекот на неговиот договор кој завршува на крајот на овој месец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вилшер во Арсенал ја помина целата своја сениорска кариера. Пристигна од Лутон во младинските категории уште во 2001 година.
После седум години поминати во младинските категории, Вилшер беше прекомандуван во првиот тим. После две години, во 2010 година беше испратен на позајмица во тимот на Болтон.
Се врати во Арсенал каде што во 2016 година следуваше нова позајмица во Бурнмеот, за ова лето и целосно да се раздели со топчиите.
Како негови потенцијални дестинации се споменуваат тимот на Евертон и италијански Јувентус.
BREAKING: Jack Wilshere has confirmed he is leaving Arsenal when his contract expires this month. (Source: Jack Wilshere IG) pic.twitter.com/Hlaws8CNYn
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 19, 2018