Ливерпул вчера стигна до шестиот трофеј во својата историја во Лигата на шампионите откако во Мадрид го совлада Тотенхем со 2:0.
Ендрју Робертсон (25) левиот бек на Ливерпул стана шампион на Европа, а навивачите успеаа да пронајдат една негова интересна објава од 2012 година кога се жалел дека нема пари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Животот во овие години без пари е глупост“, напишал Роберстон на 18-ти август 2012 година во 22:12 часот навечер. Покрај објавата тој го додал хаштагот #needajob, односно ми треба работа.
life at this age is rubbish with no money #needajob
— Andrew Robertson (@andrewrobertso5) August 18, 2012
Тогаш младиот Робертсон беше играч на Квинс Парк, а една година подоцна премина во Дунде Јунајтед, потоа играше и во Хал Сити, за во 2017 година да потпише за Ливерпул.
Од доаѓањето на „Енфилд“ тој стана еден од најдобрите леви бекови во светот.
Иако наговите почетоци биле тешки, сега е еден од најсреќните луѓе во светот. Оваа сезона за Ливерпул одигра 48 натпревари и запиша 13 асистенции.