Дома Трансфер зона Себастијан Џовинко пред враќање во Серија А

Себастијан Џовинко пред враќање во Серија А

Себастијан Џовинко би можел да се врати во Серија А, пишуваат италијанските медиуми.

Медиумите во Италија објавија дека Сампдорија постигнала договор со Џовинко. Маноло Гамбјадини заработи тешка повреда и во Сампдорија мораа да реагираат да доведат замена, а изборот изгледа паднал на поранешниот играч на Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јануарскиот преоден рок заврши, но Сампдорија нема проблеми да го доведе Џовинко затоа што 35-годишниот фудбалер е слободен од август кога си замина од Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Џовинко во Италија покрај Јувентус го носеше дресот на Емполи и Парма. Во 2015 година направи трансфер во Торонто од каде што после четири години направи трансфер во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…