Како што стојат работите, Адриен Рабио има две опции за продолжување на кариерата – останување во Јувентус или преселба во Манчестер Јунајтед.
Договорот на францускиот фудбалер истекува летово и тој ќе стане слободен играч, Јувентус сака да го задржи и му нуди плата од седум милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Желбата на „старата дама“ да го задржи не е изненадување затоа што токму Рабио беше еден од најважните фудбалери на „старата дама“ во изминатата сезона. Иако игра во средниот ред тој беше најдобриот стрелец на тимот.
Сепак, понуда за Рабио испрати и Манчестер Јунајтед, одлуката фудбалерот се уште не ја донел и се очекува тоа да го направи во наредните денови.