Маруан Фелаини веќе некое време игра во Кина, а сега го постигна единствениот гол за својот тим во победата над Вухан Залом во полуфиналето од Купот.
Шандонг победи со резултат 1:0, а Феалини го постигна голот во 72. минута.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Инаку, Фелаини влезе во игра во второто полувреме како и неговиот соиграч Грацијано Пеле.
Шандонг во финалето на кинескиот ФА Куп ќе игра против Џангсу Сунинг на 19. декември.
За овој тим Феалини игра од 2019 година и до сега одигра 40 натпревари и постигна 13 голови.
Голот на Фелаини можете да го погледнете – тука.