Англиските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо сака да го донесе во Тотенхем, Маруан Фелаини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Двајцата имаа одлична соработка во Манчестер Јунајтед, од каде Фелаини се пресели во Кина каде настапува за Шандонг Лунинг.
Белгиецот сака да се врати во Европа, а Мурињо е спремен да ја искористи ситуацијата и да го донесе во Тотенхем.
Фелаини има договор до крајот на календарската година, но кинескиот клув е спремен да го пушти на лето без обештетување.
33-годишниот Белгиец има големо искуство во Премиер лигата каде настапуваше за Евертон и Манчестер Јунајтед.
Самиот Фелаини дал согласност за трансфер во Тотенхем и се очекува двете страни брзо да постигнат договор.