Лоран Блан после повеќе од четири години се враќа на тренерската работа.
Овој 55 годишен стратег се договори со катарскиот клуб Ал-Рајан и ќе го превземе овој тим од Уругваецот Диего Агире.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Договорот е потпишан и Блан така кариератаќ е ја продолжи во Катар што секако е изненадување затоа што имаше понуди од француски и турски клубови. Сепак, очигледно добил милионска понуда која не можел да ја одбие.
Блан е човек кој зад себе има прилично импресивна кариера. Од 2007 до 2010 година го водеше Бордо со кој го освои првенството и Лига Купот. Потоа две години помина на клупата на репрезентацијата на Франција, а од 2013 до 2016 година со ПСЖ освои три титули шампион и два трофеи во купот.
Асистент на Блан ќе му биде Френк Паси.