Помалку заборавениот крупен напаѓач Енди Керол моментално настапува за францускиот второлигаш Амиен.
Триесет и четиригодишниот и 193 сантиметри висок напаѓач некогаш беше вистинско искушение на тревниците на англиското првенство и Премиер лигата.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во двете највисоки нивоа на островскиот фудбал постигна 86 гола, а во националниот тим има девет настапи и два гола.
Пред 12 години Керол пристигна во Ливерпул од Њукасл за 40 милиони евра во пар со Луис Суарез.
Додека Уругваецот стана еден од најдобрите напаѓачи и двократен освојувач на „Златна копачка“ во ерата на Меси и Роналдо, Керол постигна само 11 гола во 58 настапи за „Црвените“.
Подоцна играше за Вест Хем, Њукасл повторно, Ридинг и Вест Бром, пред минатото лето првпат да ја напушти Англија и да пристигне во Амиен. Тој постигна два гола во Лига 2 оваа сезона, а последниот беше навистина спектакуларен.
Во ремито со Анеси, противничкиот голман успеа да го лобува од речиси половина терен.
Голот погледнете го ТУКА