Фабијан Бартез е поранешен француски голман кој може да се пофали со исклучително богата и голема кариера
Од Тулуз, преку Марсеј, Монако, стигна до Манчестер Јунајтед, за од професионалниот фудбал да се прости во 2007 година како голман на Нант.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Познат беше како еден од најконтроверзните голмани со силен темперамент, а во текот на својата кариера имаше и свои „испади“. Таков случај беше кога го плукна мароканскиот судија Абделах Ел Ачири на пријателскиот натпревар помеѓу Марсеј и Вајдад кој се одигра во 2005 година.
ФИФА во тој случај немаше милост за Бартез и му даде суспензија во трање од шест месеци.
Бартез денес живее живот кој не е поврзан со фудбалот. Има 46 години и се занимава со својата втора страст.
Тој од 2008 година е во мотоспортот. Возеше на Порше Карера Купот, Францускиот ГТ шампионатот, Стигнма Купот и уште неколку адреаналински случувања.