Давид Де Геа вчера бранеше за Шпанија во натпреварот од квалификациите против Шведска.
Шпанскиот голман бранеше одлично во текот на натпреварот, но мораше да ја напушти играта после 60 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Геа не можеше да го продолжи натпреварот кој сигурно беше еден од најдобрите во сезонава. Само благодарение на него Шведска не постигна повеќе од еден гол.
Најспектакуларна одбрана на Де Геа беше онаа во првото полувреме.
Повредата на Де Геа доаѓа во многу лош момент за Манчестер Јунајтед бидејќи „црвените ѓаволи“ во викендот кој следи ги очекува натпревар против Ливерпул кој е во одлична форма.
Според она што се објави во прв момент Де Геа има проблеми со мускулот и се чекаат подетални информации за каракатерот на неговата повреда.