Останува да видиме дали ќе се појави на теренот против Манчестер Сити…
Ријад Марез после една недела бојкот денес се појави на тренингот на Лестер. Стигнаа и потврди дека ќе биде во конкуренција за тимот, но прашање е дали ќе се појави на теренот против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Алжирецот во последниот ден од преодниот рок му пропадна трансферот во Манчестер Сити, па од тогаш не се појавуваше на тренинзите.
Требаше да биде казнет со 300.000 евра, но после интервенцијата на асоцијата на професионални фудбалер Лестер се откажа, па Марез во клупската каса ќе уплати три пати помала сума.
Од друга страна, наводно Марез со овој потег го налутил Гвардиола.
Тој смета дека направил целосно погрешен потег и дека во Лестер со право се лути бидејќи Алжирецот во својот договор нема никаква клазула. Пеп не се сложува со таквото однесување на фудбалерот иако во прашање е неговиот клуб.