Дома Македонски спорт Се појави нова опција за Елмас: Враќање во Наполи?

Се појави нова опција за Елмас: Враќање во Наполи?

Се појави опција за враќање на Елиф Елмас во Галатасарај во финишот од преодниот рок во Турција, но на крајот таа пропадна.

Но, сега се најавува нова можност за јануарскиот преоден рок. Имено, италијанските медиуми пренесуваат дека Елмас би можел повторно да го облече дресот на Наполи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Наводно, Антонио Конте би сакал да го има Елмас во својот тим, а македонскиот фудбалер немал ништо против враќање под Везув бидејќи во Лајпциг ретко добива шанса за игра.

Ќе потсетиме, Елмас во Лајпциг пристигна на почетокот на годината во трансфер вреден 23 милиони евра. Дресот на Наполи го носеше од 2019 до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…