Турскиот фудбалер кој настапуваше за тимот на Коњаспор утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа.
Сообраќајната несреќа се случила во близина на Анкара, а турските медиуми потврдија дека Чалик починал на лице место. Итната помош брзо стигнала, но за жал можеле само да констатираат смрт кај 27-годишниот фудбалер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Истрагата на полицијата се уште е во тек и нема официјално информации како дошло до тоа да изгуби контрола над автомобилот. Првите информации говорат дека трагата на кочење е долга дури 135 метри и дека најверојатно поради големата брзина излезтал од патот.
Поради дождот коловозот бил доста лизгав и тоа сигурно влијаело на несреќата. Сега се појави и видео од надзорните камери на кое се гледа моментот кога Чалик со својот автомобил излетува од патот.
ФОТОГРАФИИ ОД АВТОМОБИЛОТ ПО НЕСРЕЌАТА