Ситуацијата на стадионот „Рајко Митиќ“ кога судијата Дани Макели не го призна голот на Роналдо во последните моменти од мечот иако топката ја помина гол линијата беше тема која се коментираше.
Роналдо во тие моменти полуде и ја фрли капитенската лента. Сега судијата Макели се огласи и испрати извинување до целата португалска јавност.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Поради политиката на ФИФА единствено што можев да направам е да му се јавам на селекторот на Португалија, Фернандо Сантош. Му се извинив на него и се извинувам на целата португалска нација за тоа што се случи. Како судии секогаш се трудиме да носиме најдобри одлуки. Во овој момент сигурно дека не се задоволни и ја признаваме нашата грешка“, изјави Макели.