Килијан Мбапе во овој период е во центарот на вниманието на фудбалската јавност и се очекува да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.




Во игра се две опции – останување во ПСЖ и потпис на нов договор или преселба во Реал Мадрид. Иако изгледаше дека Мбапе е поблиску до трансфер во Мадрид сега не може тоа да се каже.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Мајката на Мбапе излезе во јавноста со изјава дека имаат договор и со ПСЖ и со Реал Мадрид.




„Имаме договор и со Реал Мадрид и со ПСЖ. Двете понуди се скоро идентични, а сега Килијан ќе одлучи каде ќе продолжи“, изјави Фајза Мбапе.




Утре Мбапе ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ, а според најавите одлуката која е толку очекувана би можел да ја соопшти во недела.