Дома Фудбал Италија Се огласи и првиот човек на УЕФА: Загрижен сум за Милан!

Се огласи и првиот човек на УЕФА: Загрижен сум за Милан!

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека е загрижен за финансиската состојба на италијанскиот гигант Милан.

Милан ги доставил плановите за доброволна согласност со финансискиот ферплеј, но со тоа не се отфрлени сомнежите за работата на клубот на чело со сопственикот Ли Јонхонг, кој во летниот преоден рок вложи 230 милиони евра на засилувања.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


И покрај овие вложувања, клубот не бележи добри резултати на теренот, ниту ги остварува планираните приходи.

„Загрижен сум, но кон половината на декември надлежното тело ќе го соопшти своето видување по повод овој случај. Сѐ е можно, но сепак е рано да се даваат какви било поопширни изјави“, изјави Чеферин за италијанските медиуми.

Првиот човек на УЕФА ја коментираше и неодамнешната елиминација на Италија од баражот за пласман на Светското првенство.

„Во земја во која со многу страст се следи фудбалот, неучеството на СП е трагедија, но да не заборавиме дека и Холандија нема да игра на турнирот во Русија“, изјави Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скржавоста може скапо да го чини Перез: Ако не се реши брзо, се „активираат“ Ливерпул, Челси и Арсенал

Реал Мадрид има неуспешна сезона зад себе и летово ќе мора уште еднаш да се сврти кон тран…