Играчот за врска на Барселона, Денис Суарез следните две или три недели ќе биде надвор од терените.
Суарез се повреди на мечот во финалето од Суперкупот на Каталонија против Еспањол, кога од игра излезе уште во првото полувреме.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Барселона ја потврди повредата на својот фудбалер кој ќе мора да ги пропушти натпреварите против Малага, Атлетико и Севиља, а нема да конкурира ниту за реваншот против Челзи во Лигата на шампионите.
Денис Суарез оваа сезона одигра 18 натпревари за Барселона, постигна три погодоци со исто толку асистенции.