Меѓународниот совет на фудбалски асоцијации, кој е одговорен за правилата во фудбалот, друга недела ќе разгледува неколку промени поврзани со пеналите и со измените, пренесува британски „Телеграф“.
Еден од најдискутаблините предлози е одемање на возможноста за шутирање после промашен пенал. Доколку голманот го одбрани пеналот играта ќе се запре и ќе биде досуден гол аут. Со тоа ќе се реши проблемот со втрчувањето на играчи во казнетиот простор при изведување на пеналите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Другата промена е отпаѓањето на зборот „со умисла“ при играње со рака во казнетиот простор, бидејќи таква ситуација не може да се процени. Судиите ќе се раководат по тоа дали раката е во природна положба или не.
Се размислува да се направат и промени при измените. Имено фудналерите при замена да го напуштаат теренот од најблиската точка, а не од центарот како до сега.
Exclusive: Football's lawmakers to discuss overhaul of handball rules while penalty rebounds could also be eliminated | @JBurtTelegraphhttps://t.co/mBR1uOHG6S
— Telegraph Football (@TeleFootball) November 1, 2018