Плејмејкерот на Интер, Кристиан Ериксен следниот месец ќе оди на детални лекарски прегледи кај познат кардиолог, кои ќе одлучат за продолжувањето на неговата кариера.
Ериксен моментално во Милано заедно со своето семејство каде чека одговор на прашањето дали ќе може да ја продолжи професионалната кариера во Интер после срцевиот удар кој го имаше на Европското првенество.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Данските доктори потврдија дека Ериксен доживеал срцев удар, па му беше вграден електричен дефибрилатор. Тоа значи дека неговата кариера во Серија А најверојатно е готова бидејќи во Италија не дозволувата играње со дефибрилатор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Ериксен следниот месец ќе оди на конзилиарен специјалистички преглед после кој ќе биде одлучено дали ќе може да игра во Серија А.