Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е само прашање на време, а Белгиецот веќе пристигна во Шпанија каде се одмара после долгата сезона.
Азар постигна договор со „кралевите“, јавно ја откри својата намера да ја промени средината, па сега чека клубовите да ги договорат последните детали околку трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена медиумите открија дека двата клуба се договориле за трансфер тежок 115 милиони фунти и во следнити денови се очекува Белгоецот официјално да биде претставен на „Сантиаго Бернабеу“.
Во меѓувреме медиумите во Шпанија откриваат дека веќе е спремен и дресот за Азар. Новата „кралска“ ѕвезда нема да може да ја носи „десетката“ поради Лука Модриќ и поради тоа ќе ја наследи „седумката“, која во претходните сезони ја носеше Кристиано Роналдо.