Дома Топ вести Се е спремно: Барселона наскоро ќе претстави две засилувања

Се е спремно: Барселона наскоро ќе претстави две засилувања

Барселона следната недела и официјално ќе потврди два големи трансфери, потврдија каталонските медиуми.

Како што од поодамна беше најавено Барселона ги договори трансферите на Андреас Кристенсен  од Челзи и Франк Кеси од Милан, кои ќе пристигнат како слободни играчи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во Барселона се појави страв дека клубот нема да може да ги регистрира, но откако се решија финансиските проблеми, се е спремно за официјално претставување.

Барселона засилено работи и на трансферите на Роберт Левандовски од Баерн и Рафиња од Лидс, како и на продажбата на Френки де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…