Дома Топ вести Се е готово: Завршен најбрзиот трансфер, Малком „лета“ за Барселона!

Се е готово: Завршен најбрзиот трансфер, Малком „лета“ за Барселона!

Бразилецот вечерва потпишува!

Помалку од 24 часа и беа потребни на Барселона да го „украде“ веќе договореното засилување на Рома. Толку бараниот офанзивец, Малком е третото засилување за Барселона ова лето.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вчера Бразилецот беше веќе виден како нов фудбалер на Рома бидејќи Бордо ја прифати понудата на „Волчицата“ вредна 32 милиони евра, плус бонуси, а играчот потпиша договор вреден 2.5 милиони евра годишно.

Веќе беше на аеродромот чекајќи авион за Рим каде што доцна вчера вечер пристигна понудата од Барселона која изнесуваше 41 милион евра и три преку бонуси. Бордо автоматски ја прифати, а потоа „да“ кажа и Малком кој не сакаше да ја пропушти приликата да заигра за каталонскиот гигант.

Додека во Италија го чекаа тој се договраше со Барсело и се договори. Ќе добие договор на пет години вреден 3.5 милиони евра плус бонуси.

Малком е веќе на пат за Барселона, денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе биде претставено како ново засилување за Каталонците ова лето. Пред него Барса ги доведе играчот за врска Атрур и стоперот Ленглет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…