Новата сезона во Формула 1 требаше да започне на 16. март, но беше одложена поради коронавирусот.
Новонастанатата ситуација во светот направи огромни проблеми на организаторите, а неколку трки беа целосно откажани за оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, љубителите на Формула 1 можат да бидат задоволни бидејќи сезоната ќе продолжи, но се уште нема точни информации колку трки ќе бидат извозени до крајот.
Формула 1 утрово ги воодушеви фановите со информацијата дека сезоната ќе продолжи на 5. јули со трката за Големата награда на Австрија. Дополнително беше потврден и календарот за осум трки од кои по две ќе бидат одржани во Австрија и Велика Британија.
Веќе познато е дека сите трки ќе се возат пред празни трибини.