Аргентинскиот фудбалер Алехандро „Папу“ Гомез, кој минатата година го освои светскиот шампионат со националниот тим, беше позитивен на допинг тест во октомври 2022 година, а шпанската антидопинг агенција му изрече двегодишна суспензија.
Гомез во моментот на допинг контролата настапуваше за Севиља од која во септември годинава се пресели во Монца, која вчера му ја потврди веста за суспензијата.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Монца објавува дека преку Италијанската фудбалска федерација добила известување од ФИФА за суспензијата изречена од шпанската антидопинг агенција, а се однесува на Алехандро Дарио Гомез“, се вели во соопштението на италијанскиот прволигаш. Утврдено е дека примерокот на Гомез содржи нелегална супстанца тербуталин, за која Гомез тврди дека ја внесувал преку сируп за кашлица.