Дома Фудбал Италија Сари утре без двајцата важни играчи на Јувентус

Сари утре без двајцата важни играчи на Јувентус

Фудбалерите на Јувентус утре играат на свој терен против Џенова во натпревар од 10. коло од италијанската Серија А.

„Старата дама“ минатиот викенд ремизираше во гости против Лече (1:1) во натпревар во кој не беше Роналдо. Но, по краткиот одмор, Португалецот утре би требало да заигра од првата минута. Тренерот Сари потврди дека Пјаниќ и Игуаин веројатно ќе го пропуштат натпреварот поради повреда. Сепак, двајцата би требало да се вратат во тимот следниот викенд.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Пјаниќ нема повреда како што се мислеше, но ќе видиме како ќе биде. Вчера не беше во состојба да тренира и нема да ризикуваме. Игуаин доби удар во главата и исто така не тренираше. Сепак, ќе видиме по тренингот и ќе одлучиме кој ќе игра утре“, изјави Сари.

Даглас Коста се враќа во екипата откако што беше надвор од теренот повеќе од месец дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видете ја неверојатната одбрана на Де Геа🎥

Давид де Геа после една година пауза се врати меѓу стативите и брани одлично во дресот на …