После добрите резултати во Серија А, Јувентус сега ја посакува првата победа оваа сезона во Лигата на шампионите.
„Старата дама“ во првото коло ремизираше против Атлетико во Мадрид иако имаше предност 0:2 и поради тоа утре се надеваат на победа против Баер Леверкузен. Натпреварот со Германците доаѓа само неколку дена пред дербито со Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не можеме да си дозволиме сега да мислиме на Интер. Мораме да се фокусираме на Баерн, а тие се на само еден бод од Баерн во Германија, во една од најсилните лиги. Ќе биде тешко и би било погрешно да размислуваме за нешто што ќе биде после натпреварот“.
„Единствената цел која си ја поставив себе си е поминување на групата, па ќе видиме. Мораме да бидеме опуштени ога ќе излеземе на терен. Лигата на шампионите не смее да стане опсесија. Во овој момент тешко е италијанските тимови да бидат фаворити во Лигата на шампионите, за мене тоа се англиските тимови“.
Сари е задоволен од тоа што Арон Рамзи брзо се вклопил во Јувентус.
„Добро му оди, но се уште има простор за напредок. Ме изненади тоаш тоа што брзо се интегрираше во Торино“, изјави Сари.