Јувентус вечерва го игра полуфиналето против Милан во Купот на Италија, пред овој натпревар Маурицио Сари предизвика бура во јавноста со еден негов коментар.
Во медиумите после поразот на Јувентус од Верона на големо се пишуваше за негов отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Притисокот е нормален во работата која ја работам, ако сакав да нема притисок ќе одев да работам во пошта“, изјави Сари.
По оваа изјава на Сари следуваше одговор од италијанските пошти.
„Италијанската пошта го повикува господинот Сари да посвети време и да се едуцира. Нашата компанија е најголемата во земјава и ја избираат млади луѓе бидејќи е препознаена од 500 компании во светот по својот квалитет и условите на вработените. Го повикуваме да види како се работи во нашата компанија“, стои во реакцијата на италијански пошти.
Gli esami – contrariamente a quanto sostiene #Sarri – alle #Poste ci sono eccome. pic.twitter.com/LE8SUFo2bL
— Poste Italiane (@PosteNews) February 12, 2020