Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари ја коментираше победата над Атлетико во натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Игравме добро. На крајот, малку ни недостигаше сила, но тоа е затоа што се изморивме на последниот натпревар од Серија А. Веројатно, натпреварите во Лигата на шампионите не мотивираат повеќе кога ќе ги споредиме со натпреварите од домашниот шампионат. На европско ниво играме повеќе напаѓачки фудбал. Сепак, во второто полувреме премногу често ја губевме топката“, изјави Сари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Старата дама“ победи со прекрасниот гол на Пауло Дибала, кого Сари посебно го пофали после мечот.
„Дибала е играч од светска класа. Во моментов се наоѓа во многу добра форма. Дибала е играч кој прави разлика на теренот“, заклучи Сари.