Дома Фудбал Англија Санчо ги изненадил сите кога им открил на пријателите со кој клуб преговара

Санчо ги изненадил сите кога им открил на пријателите со кој клуб преговара

Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо ова лето ќе биде една од главните теми на шпекулации околу летниот трансфер период.

Санчо пред три години од Манчестер Сити пристигна во Борусија Дортмунд и тоа за него беше полн погодок. Овој 20-годишен фудбалер воодушеви со своите игри во дресот на германскиот тим и се најде на мета на многу европски великани.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во последниот период Санчо најмногу се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но се чини дека од тоа нема да биде ништо бидејќи Дортмунд за него постави цена од 120 милиони евра.

Сепак, на крајот од сезоната може да дојде до голем пресврт. Имено, англиските медиуми синоќа објавија дека Сити сака да го врати Санчо во своите редови, односно дека Пеп Гвардиола го побарал уште пред неколку месеци.

Дејли Стар пишува дека Санчо открил на своите блиски пријатели дека преговара со Сити околу враќање во клубот и со тоа ги изненадил сите поради фактот за начинот на кој Граѓаните лесно се откажаа од него.

Санчо во Дортмунд пристигна за осум милиони евра, а сега Сити за својот поранешен играч може да плати преку 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барди испрати моќна порака: Велс нè удри силно, ова беше пораз од кој ти гори душата!

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди се огласи само неколку дена по тешкиот пор…