Легендата на Арсенал Тиери Анри демантираше дека имал разговор со Алексис Санчез во кој му рекол да се пресели во Манчестер Јунајтед.
Санчез во понеделникот и официјално се пресели на „Олд Трафорд“, а при збогувањето со навивачите на Арсенал истакна дека на таков потег се одлучил по примерот на Тиери Анри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се сеќавам на разговорот кој го имав со Анри и тој го напушти Арсенал од истите причини како и јас“, напиша Санчез на својот Инстаграм профил.
Таа причина се титулите, Анри подоцна во Барслона ја освои Лигата на шампиони, но Французинот демантира дека му дал било какви совети на Санчез.
„Во ниту еден момент не му реков на Алексис да го напушти Арсенал. Не ни знаев дека ќе отиде во Манчестер Јунајтед се додека не ја видов веста во медиумите“, изјави легендарниот фудбалер.
Чилеанецот во наредните четири и пол години ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед и неделно ќе заработува 350.000 фунти, а дали имал разговор со Анри или не, тоа знаат само тие двајца.