Алексис Санчез веќе донел одлука да не се враќа во Манчестер Јунајтед и сака да остане за постојано во Интер, тврдат италијансите медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
30-годишниот Чилеанец ова лето пристигна на „Џузепе Меаца“ на едногодишна позајмица од Манчестер Јунајтед, но има договор со „црвените ѓаволи“ на уште две сезони..
Санчез сака неговиот престој во Интер да биде постојан, меѓутоа тоа не зависи од него, бидејќи во договорот не беше вклучена опција за откуп на крајот на сезоната.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека „нероаѕурите“ ќе се обидат да го купат Санчез, но тој треба значително да ја намали платата.
Во моментов Санчез добива 400.000 фунти неделно, но половина од таа сума се уште ја плаќа Манчетер Јунајтед. Интер е спремен да му понуди 150.000 неделна плата, која Чилеанецот наводно е спремен да ја прифати.