Дома Фудбал Репрезентации Сантош: Не ми се допадна тоа што го направи Роналдо

Сантош: Не ми се допадна тоа што го направи Роналдо

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош јавно го критикуваше Кристиано Роналдо за неговата реакција кога беше заменет против Јужа Кореја.

Роналдо го покажа своето незадоволство кога излегуваше од игра, а камерите го уловија како говори: „Тој брза да ме замени“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ќе повторам, на теренот не слушнав што ми кажа, бев доста далеку од Роналдо и само слушнав дека дискутира со играчот на Кореја. Потоа ги видов снимките и тоа не ми се допадна. Не ми се допадна ништо од тоа, но вртиме страна и продолжуваме напред. Овие теми се решаваат интерно и сега сме насочени само на утрешниот меч“, изјави Сантош.

Во меѓувреме во анкета дури 70% од Португалците сакаат  Роналдо да биде на клупата за резерви следниот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим ги разбесни навивачите на Јунајтед – се бара негов отказ!

Тоа беше мрачно неделно попладне за Рубен Аморим и Манчестер Јунајтед, кои го напуштија ст…