Дома Останати Ракомет Санталов: Прашајте ги клубовите зошто сум во Мешков, а не во Вардар

Санталов: Прашајте ги клубовите зошто сум во Мешков, а не во Вардар

Димитри Санталов веќе сите го сметаа за нов играч на Вардар, меѓутоа денес тој изненадувачки, барем за македонската ракометна јавност официјално стана играч на Мешков Брест.

Санталов за рускиот „Брз Центар“ зборуваше за ситуацијата и зошто завршил во Мешков место во Вардар како што ние очекувавме.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„На маса имав повеќе понуди. Освен Вардар и Мешков имав понуди и од екипи од Бундеслигата и Франција. Можев да останам во Русија во Чеховски Медведи или ЦСКА Москва, сепак сакав интеренационален предизвик“.

На прашањето зошто место во Скопје ќе игра во Брест не даде конкретен одговор само посочи дека затоа треба да се прашаат клубовите.

„Тоа прашање е за клубовите, за луѓето во Вардар и Мешков. Тие можат да ви го дадат точниот одговор. Јас следев што се случува во Вардар со смената на раковоството. Сфатив дека работите и концепцијата на тимот можат да се променат, а јас можев само да чекам“, изјави Санталов.

Во Мешков Санталов ќе биде соиграч со поранешниот играч на Вардар Сташ Скубе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Билетите путшени во продажба: Вардар ги одредени цените за дербито со Алкалоид и натпреварот со Мелсунген

Од вчера се пуштени во продажба билетите за следните два натпревари на Вардар н адомашен т…