Самуел Ето е осуден на 22 месеци затвор поради затајување данок во Шпанија.
Ето ја призна вината по обвинението дека затаил данок од 3,8 милиони евра додека играл во Шпанија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Шпанија Ето играше за неколку клубови од 1997 до 2009 година (Реал Мадрид, Леганес, Еспањол, Мајорка, Барселона), а на сослушувањето одржано во понеделникот ја призна вината.
„Ги признавам фактите изнесени од обвинителот и ќе си го платам долгот, но сакам да нагласам дека во тоа време бев само дете и тогаш и подоцна го правев само она што мојот агент Хозе Марија Маселес, кога го сметам за втор татко, ми кажуваше дека треба“, изјави Ето.
Ето доби и една година условна казна затвор од 22 месеци, која според законите во Шпанија нема да ја помине зад решетки, обвинителот за актуелниот претседател на Камерунската фудбалска федерација бараше казна од 4.5 години затвор.