Дома Фудбал Останато Самуел Ето – играше за Барса, Реал, Челзи, Интер…Беше соиграч на Пандев, а денес банката му го заплени имотот

Самуел Ето – играше за Барса, Реал, Челзи, Интер…Беше соиграч на Пандев, а денес банката му го заплени имотот

eto

Реал Мадрид, Барселона, Интер, Челзи…Тоа се помеѓу останатите клубовите во кои настапуваше Самуел Ето во досегашниот дел од кариерата и во која заработи милиони и милиони евра.

Но, очигледно некаде погреши овој славен камерунски фудбалер бидејќи една банка му ја заплени и продаде неговата вила со цел да си го врати долгот кој Ето го имал кон нив.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, Ето не бил во можност да го врати кредитот од 4.5 милиони евра кој го подигнал, па банката била приморана да реагира.

eto

Не е тоа единствениот проблем со кој се соочува славниот фудбалер, кој во овој момент е член на турски Коњаспор. Во Шпанија е баран поради неплаќање на данок. Властите во оваа земја го обвинуваат поради данок на недвижнини е должен три милиони евра.

Овој 37 годишен фудбалер во иднина би можел на сила и на „стара слава“ да ја продолжи кариерата уште некоја година со цел да извлече „некое евро“ и да се извлече од проблемите.

Да потсетиме, Ето во времето кога настапуваше за Интер беше соиграч на македонската фудбалска икона, Горан Пандев


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…