Дома Фудбал Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Само седум минути – толку траеше радоста на Еибар на гости кај Осасуна

Осасуна и Еибар ги поделија бодовите од дуелот во 27-то коло на шпанската Ла Лига одигрувајќи 1:1.

Гостите можеа да поведат во 15-та минута, но шутот на Енрик од петтерецот беше фантастично одбранет од домашниот голман. Десет минути подоцна, шутираше и Инуи, но Сиригу повторно беше на висина на задачата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сепак, домашниот голман мораше да ја вади топката од својата мрежа во 72-та минута, кога Кике со волеј на асистенција на Капа погоди за 0:1. Но, радоста на гостите траеше кратко, само седум минути, кога Кенан Кодро погоди на асистенција од Ромеро. Ромеро го одработи поголемиот дел од работата, а на Кодро не му беше тешко да ја смести топката во празниот гол од само еден метар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер и Јувентус се натпреваруваат за голманот на Тотенхем

Голманот на Тотенхем, Гулиелмо Викарио, сака да го напушти клубот летово и да се врати во …