Дома Фудбал Лига на шампиони Само Раул и Касиљас пред Винисиус: Бразилецот вечерва се запиша во историјата!

Само Раул и Касиљас пред Винисиус: Бразилецот вечерва се запиша во историјата!

Реал Мадрид вечерва ја печека ЦСКА Москва во рамките на 6-то коло од Лигата на шампиони, а во стартниот тим се најде младиот Базилец, Винисиус Јуниор.

Имено, Винисиус на вечерашниот натпревар ќе се запише во историјата на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Бразилецот стана трет најмлад фудбалер кој се нашол во стартниот тим на „кралскиот“ клуб во Лигата на шампиони. Винисиус има 18 години и 152 дена, а помлади од него биле само легендите Икер Касиљас и Раул Гонзалез.

Раул своето деби во Лигата на шампиони го имаше со само 18 години и 77 дена, додека Икер дебитираше на 18 и 117 дена.

Винисиус ова лето пристигна во Реал Мадрид и откако првите месеци играше за младинскиот тим, Солари го прекомандува во првиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Инзаги: Очекував поголем пресинг од Баерн

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, изјави дека неговиот тим покажал одлучнос…