Maкедонскиот дефанзивец, Дарко Велковски во јануари би можел да ја промени средината.
Интерес за Велковски претходно покажаа АЕК и Панатинаикос, а последната информација е и дека Салернитана од Серија А покажала интерес. Освен Салернитана со името на Велковски се поврзува и актуелниот лидер во турското првенство во овој момент, Трабзонспор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Велковски ја исклучик можноста за трансфер во Грција, па сега во игра остануваат овие две понуди. Трабзонспор ќе потсетиме претходно се поврзуваше со уште еден македонски репрезентативец, Езгјан Алиоски.
Договорот на Велковски со Ријека истекува на крајот од сезоната и тој може да си замине како слободен агент, меѓутоа веќе од јануари може да преговара со други клубови.