Мохамед Салах за три недели ќе се врати на „Олимпико“.
Неговиот Ливерпул за противник на денешниот ждреб ја доби Рома и тоа значи дека Салах ќе игра против својот поранашен клуб.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Веднаш по ждребот преку официјалниот Твитер профил Рома му порача на Салах дека остануваат пријатели без разлика на тоа што ќе се случи во двомечот.
„Во овие 180 минути ќе бидеме ривали, но ќе останеме пријатели засекогаш без разлика што ќе се случи“, стои на профилот на Рома.
Салах возврати но со не премногу текст и ја остави веројатно на најкратката порака на својот профил: „100%“, напиша Салах.
Да потсетиме, првиот натпревар помеѓу Ливерпул и Рома се игра на 24 април, додека реваншот е закажан за 1 мај на „Олимпико“.
100%
— Mohamed Salah (@22mosalah) April 13, 2018