Манчестер Јунајтед вчера го победи Челзи на „Олд Трафорд“ со 4:1 и така се го обезбеди пласманот во Лигата на шампионите, токму тоа беше главната цел во првата сезона на Ерик Тен Хаг.
Забележителен е напредокот на „црвените ѓаволи“ откако холандскиот стратег е на клупата. Од друга страна вчерашниот резултат беше целосно разочарување за фановите на Ливерпул за кого згаснаа надежите за пласман во ЛШ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул успеа во финишот од сезоната да влезе во импресивна серија на резултати и така да се вмеша во борбата за топ четири, но сепак лошиот почеток на сезоната скапо го плати тимот на Клоп.
Разочарувањето по ваквиот неуспех на социјалните мрежи не го криеше Мохамед Салах.
„Целосно сум уништен. Едноставно нема оправдување за вакво нешто. Имавме се што ни е потребно за да играме во Лигата на шампионите, но на крајот забележавме неуспех. Ние сме Ливерпул и пласман во тоа натпреварување е нешто најмалку што треба да го оствариме. Жалам, премногу е рано за оптимистички пост. Ве изневеривме вас и самите себе“, објави Египќанецот на социјалните мрежи.
I’m totally devastated. There’s absolutely no excuse for this. We had everything we needed to make it to next year’s Champions League and we failed. We are Liverpool and qualifying to the competition is the bare minimum. I am sorry but it’s too soon for an uplifting or optimistic… pic.twitter.com/qZmA9WsueM
— Mohamed Salah (@MoSalah) May 25, 2023