
Плејмејкерот на Барселона, Педри, ќе биде отсутен најмалку еден месец од терените, официјално потврдија од клубот денес.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вчера, шпанскиот репрезентативец беше стартер за каталонците при победата над Спарта Прага со 4:2, но беше заменет по еден час игра и видливо клечеше. Почетните информации во локалната преса укажуваа на тоа дека играчот има скинат мускул, но од „Камп Ноу“ појаснуваат дека повредата на играчот е во подколеното тетиво. Ова е станато јасно откако тој поминал дополнителни физички тестови утрината.
Отсуството на Педри е сериозен удар за Ханзи Флик и неговиот стручен штаб, бидејќи полуофанзивецот е еден од најважните фудбалери во тимот. Досега во сезоната играчот постигнал два гола и осум асистенции во 25 натпревари со дресот на каталонците. Тој веќе пропушти вкупно 16 натпревари на „блаугранас“ од почетокот на сезоната поради три различни повреди. Претпоставките на шпанската преса се дека ќе ги пропушти натпреварите со Овиедо, Елче, Жирона и Леванте од Ла Лига, завршниот натпревар во главната фаза на Лигата на шампиони против Копенхаген, како и дуелот со Албасете во Купот на кралот.
.