Дома Останати Кошарка Ваков настап не сте виделе: Кошаркар на Шарлот го одигра најлошиот натпревар во историјата на НБА лигата (Видео)

Ваков настап не сте виделе: Кошаркар на Шарлот го одигра најлошиот натпревар во историјата на НБА лигата (Видео)

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс славеа победа против Шарлот Хорнетс во Спектрум Центарот со резултат 94:87, но она што го обележа мечот беше срамниот настап на домашниот играч ЛаМело Бол (24).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бол помина 22 минути на теренот, постигнувајќи седум асистенции, пет скока и само два поена, додека шутот му беше потполно разочарувачки.

Ѕвездата на Хорнетс ги промаши сите 10 обиди за три поени, а исто така успеа да постигне само еден кош од шут за два поени со четири дополнителни промашувања. Вкупно промаши 14 шута.

Тој заврши со 6,7 проценти реализирани удари од игра, што претходно не успеал никој во историјата на НБА лигата.

Кливленд веќе до полувремето го реши натпреварот, создавајќи голема предност, која домашните кошаркари успеаја само да ја намалат на крајните седум поена разлика.

Најдобар во редовите на Кливленд беше Донован Мичел со 24 поени, исто колку и најефиксниот играч на Хорнетс, Брендон Милер.

Кливленд е на петтото место на Источната конференција на НБА лигата со 25 победи и 20 порази, додека Шарлот се наоѓа на 12-та позиција на Истокот со резултат од 16-28.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембанјама исфрлен од натпревар: Збесна, па жестоко удри со лакт во лицето на противникот (Видео)

Кошаркарите на Минесота ги совладаа Сан Антонио Спарс со 114:109 пред своите навивачи и из…